Кире по седми пат на Ф4, Нант го елиминираше Веспрем на Манасков!

Ракометарите на Нант продолжуваат да ја шокираат европската јавност со резултатите во Лигата на шампионите. По елиминацијата Киелце, францускиот тим предводен од Кирил Лазаров елиминираа уште еден голем фаворит, унгарскиот гигант Веспрем (32-30) и се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.

За францускиот тим ова ќе биде нов настап на Ф4 турнирот по пауза од две години, а за капитенот и селектор на Македонија, Кире Лазаров ова ќе биде седми настап на елитниот фајнал – фор турнир. Тој мечот го заврши со четири голови, додека Манасков на спротивната страна два пати стрелаше.

Нант на Ф4 турнирот им се приклучи на фаворитите Барселона и ПСЖ и аутсајдерот Алборг.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .