Кире и Нант го срушија фаворизираниот Веспрем: Ракометната легенда на чекор до нов Ф4!

Францускиот ракометен клуб Нант се наоѓа пред огромен успех и настап на Ф4 турнирот, откако предводен од Кирил Лазаров, вечерва успеа да го совлада фаворискиот Веспрем со 32-28.

Нант одигра одличен натпревар, беше подобар и голема штета што победата не беше поубедлива. Лазаров мечот го заврши со четири погодоци, а прв стрелец кај Французите беше Ривера со шест гола, додека кај гостите тоа беше Маргуч со осум погодоци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .