Кимих уверен дека Баерн ќе го елиминира ПСЖ

Баерн Минхен ќе има тешка задача да го надокнади дефицитот од првиот натпревар на четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде што на домашен терен загуби од ПСЖ со 2-3.

Сепак, еден од најстандардните фудбалери на Баварците, германскиот репрезентативец Џошуа Кимих изјави дека верува во пласман во полуфиналето.

„Уверен сум дека ќе поминеме во следната фаза, затоа што сме подобар тим. Бевме подобри и во првиот натпревар, но за жал резултатот тоа не го покажа. Сепак, верувам дека ќе го свртиме резултатот во реваншот“, истакна Кимих.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .