Јуве го сака Киеза, Фиорентина им постави услов

Јувентус и ова лето ќе направи барем еден голем трансфер. „Старата дама“ сака во своите редови да ги има најталентираните италијански играчи како Федерико Киеза и Никола Заниоло.

Италијанскиот шампион сака во трансферот да го вклучи Рикардо Орсолини кој е позајмен во Болоља. Меѓутоа, од Фиорентина им стигна одговор. Ако „старата дама“ сака да го ангажира Киеза, „виолетовите“ ќе прифатат само пари не и трампа. 

Клубот од Фиренца е заинтересирана за Орсолини, но не сака да го добие со трампа. Во кампот на Јуве има неколку талентирани фудбалери, како Моисе Кеан, кој може да биде одличен тандем со Киеза.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .