Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата и еден од најдобрите играчи на денешницата, Кевин Дурант, се врати на паркетите. Кеј – Ди се врати во голем стил, без промашување во убедливата победа на Бруклин Нетс над Њу Орлеанс Пеликанс (139:111).
KD is 4-4 in his return. 🔥@BrooklynNets x #PhantomCam pic.twitter.com/RxgtPOxQCS
— NBA (@NBA) April 8, 2021
Првата ѕвезда на Нетси уфрли 17 поени, а освен што не промаши од игра, исто така не промаши ниту едно слободно фрлање. Дурент исто така додаде седум скокови и пет асистенции.