Кејн ги „запали“ навивачите на Сити: Би се изнадавал голови до Де Брујне

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн си заминува од клубот по завршувањето на сезоната, а сега најави каде би можел да ја продолжи кариерата.

Имено, англискиот репрезентативец ја испофали првата ѕвезда на Манчестер сити, Кевин де Брујне за кого кажа дека би се изнадавал голови со неговите асистенции, што за новинарите беше јасен знак и еден вид на „кокетирање“ со „граѓаните“.

„Кога гледам како Де Брујне игра, како ги проигрува соиграчите, како дели асистенции во Сити, тоа е сонот на секој напаѓач. Тој е посебен играч“, кажа Кејн во разговор со легендарниот Гери Невил.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .