Кејн „брка“ тројца од Сити: „Граѓаните“ во нова офанзива по капитенот на Тотенхем!

Хари Кејн во собата се појави на тренингот на Тотенхем, меѓутоа тоа не значи дека следната сезона ќе игра во овој клуб. Англискиот првак Манчестер сити е сериозен во намерата да го ангажира минотогодишниот најдобар стрелец во Премиер лигата.

Сепак, главен проблем за „граѓаните“ е што веќе потрошија 100.000.000 евра за Џек Грилиш од бирмингемска Астон вила, па затоа мораат да се разделат со неколку фудбалери.

Прв на „отстрел“ е Габриел Жезус, но проблемот е што за Бразилецот се уште не е пристигната ниту една понуда. Пред заминување е и Бернардо Силва кој сам искажа желба да го напушпти „Етихад“, а истата судбина го чека и Ајмерик Лапорт.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .