Катастрофа на Партизан во Хаг (ВИДЕО)

Српскиот великан Партизан му гостуваше на АЗ Алкмар во петото коло од ЕЛ. На „црно-белите“ им беше потребна победа за да ги задржат шансите за пласман во следното коло. Партизан имаше полувреме од соништата, а со головите на Асано и Сума на паузата заминаа со водство од 2-0.

На почетокот на второто полувреме „црно-белите“ продолжија во овој стил, а во 84. минута црвен картон доби напаѓачот на домаќините Боаду. И кога сите си помислија дека мечот е завршен, шок за гостите. По едно невнимание на одбраната, Друиф во 88. минута намали на 1-2. Холанѓаните продолжија да напаѓаат,а во продолжението израмнија, повторно преку Друиф.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .