Катастрофа: Вардар понижен во Полска!

Европскиот шампион Вардар доживеа нов пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ беа декласирани во Полска од Киелце (35-25). Домаќините од самиот старт тргнаа фуриозно и сосема заслужно стигнаа до победата.

Во првото полувреме најмногу водеа со пет гола разлика (15-10), но вардарци успеаа да го намалат минусот на три гола разлика (17-14). Второто полувреме се распадна играта на Вардар. Полјаците веднаш го искористија тоа и дојдоа до убедлива победа од десет гола разлика (35-25).

Голманот Волф имаше 13 одбрани, а најдобар стрелец кај домаќините беше Каралек со шест гола. Кај „црвено-црните“ најефикасен беше Тимур Дибиров со девет гола.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .