Каталонија на нозе: Бартомеу закажа вонреден прес – си поднесува оставка?

Голема вест денеска одекна во Каталонија каде раководството на гордоста на овој регион, фудбалскиот клуб Барселона денеска закажа вондредна прес – конференција, на која големи се шансите претседателот Жозеп Бартомеу да си поднесе оставка.

Останува не јасно што точно се случило во последните 48 часа за првиот човек на клубот да го промени мислењето. Референдумот за смена на претседателот беше закажан за 1. и 2. ноември, а повеќе од 20.000 членови на клубот поднесоа барање за нови избори.

Јасно е дека Бартомеу ќе падне. Тој се обиде уште еднаш за последен пат да се спаси со дописот до каталонската влада да се откаже гласањето поради пандемијата предизвикана од корона – вирусот, меѓутоа ова него барање беше – одбиено!

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .