Касано: Лаутаро Мартинез е подобар од Икарди!

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди се врати во првиот состав на „нероаѕурите“ поради повредата на неговиот сонародник Лаутаро Мартинез. Против Џенова одигра одлично, асистираше и постигна погодок, но вчера против Аталанта имаше лош натпревар.

Поранешниот напаѓач на Интер, контроверзниот Антонио Касано, смета дека Мартинез е подобар од Икарди и заслужува место во стартните единаесетмина.

„Добро му иде на Лаутаро. Има само 20 години и треба да игра повеќе затоа што е подобар од Икарди, кој само постигнува голови. Ако не постигне погодок, тоа значи дека не направил апсолутно ништо. Кога не постигнува голови, тогаш се нема никаква корист од него. Што се однесува до Мартинез, тој работи за тимот. Во формацијата на Интер има место само за еден напаѓач и мислам дека Мартинез го заслужува тоа место“, изјави Касано.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .