Кари добро го запозна Дончиќ: Нереалниот Словенец постигна 39 поени за 28 минути! (ВИДЕО)

Стеф Кари години наназад важи за еден од најдобрите играчи во силната НБА лига и најдобар плеј, меѓутоа во последните години за овој примат има огромна конкуренција во името на неверојатниот Словенец – Лука Дончиќ.

Дончиќ синоќа одигра нова брутална партија против Голден Стејт Вориорс, предводен од Стеф Кари кој само можеше да му се поклони на Словенецот. Лука буквално ги„изеде воините“ и постигна дури 39 поени за само 28 минути…Нестварно…

Нормално, Далас максимално ја искористи одличната партија на Дончиќ и славеше убедливо со 30 разлика над Голден Стејт (133:103), за кој најдобар стрелец беше токму Кари со 27 поени.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.