Кошаркарите на Голденс Стејт Вориорс предводени од првата ѕвезда Стеф Кари го совладаа фаворизираниот во овој натпревар Денвер Нагетс со 116:107.
Кари мечот го заврши со 53 поени, шест скокови и четири асистенции. Најдобриот тројкаш во историјата сруши уште еден рекорд и тоа на Вилт Чембрлејн кој го престигна на листата на најдобри стрелци и неговите 17.783 поени.