Кариус проговори за последниот разговор со Клоп

Лорис Кариус, главниот виновник за поразот на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, конечно го откри последниот разговор кој го имал со менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

Инаку, Кариус како позајмен потпиша за германскиот бундеслигаш Унион од Берлин.

„Имавме одличен однос и никогаш немаше проблеми помеѓу нас. Тој е еден од најдобрите на светот и тоа кажува за резултатите кои ги има. Ми кажа дека трансферот во Берлин е добар за мојата кариера затоа што ќе имам шанса на сите да им покажам колку сум добар. Не сакам да седам на клупата и затоа си заминав од Ливерпул. Таму нема иднина за мене“, кажа Кариус.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .