Капитенот на Феенорд прејде во Ајакс! Ултрасите од Ротердам му ги палат дресовите и му подготвуваат – ПЕКОЛ! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Холандија ќе сака што побрзо да го заборави ЕВРО 2020. „Лалињата“ беа исфрлени од Чешка во осминафиналето, а сега им се случува нов потрес!

Имено, капитенот на Феенорд, Стивен Бергајс (29) одлучи да го напушти Ротердам и да потпише за „смртниот“ ривал Ајакс.

Бергајс ја искористи можноста година пред крајот на договорот да го напушти Феенорд на кој му следува обесштетување од 5.500.000 евра, додека фудбалерот во Ајакс ќе биде помеѓу еден од најплатените играи и ќе заработува околу 4.000.000 евра.

Трансферот на холандскиот репрезентативец очекувано предизвика силно негодување помеѓу утлрасите од Ротердам. Бесните навивачи на Феенорд започнаа да го палат неговиот дрес и го обвинуваат за предаство, а дефинитивно ќе му биде пеколно тешко кога Ајакс ќе гостува на „Де Кајп“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.