Како во времето на славните Недвед, Росицки и Поборски: Чешка ја ШОКИРАШЕ Холандија – оди во четвртфинале! (ВИДЕО)

Не можеме да кажеме дека е огромно изненадување, но никој не очекуваше ваков резултат денеска. Чешка со 2-0 го совлада големиот фаворит Холандија и ја исфрли во осминафиналето од ЕВРО 2020.

„Лалињата“ и пред повеќе од една деценија имаа епски дуели со Чесите, кои во тие години имаа една од најславните генерации во својата богата историјата, предводени од легендарните Павел Недвед, Томаш Росицки, Карел Поборски, Јан Колер, Милан Барош, Григера, Ујфалуши…

Денеска кобни за Холанѓаните беа Томаш Холеш и Патрик Шик кои го матираа искусниот Стекелнбург, а дефинитивно клучен момент на натпреваро беше црвениот картон на Матијас де Лихт при резултат 0-0 во 55. минута.

Чешка во четвртфиналето ќе се судри со селекцијата на Данска.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.