Каков шок за „Америте“! „Дрим – тимот“ поразен од Франција, прв пораз за нив на ОИ после 17 години!

По се изгледа не беа само случајност поразите на кошаркарската репрезентација на САД од Нигерија и Австралија во пријателските средби пред патот во Токио на Олимписките игри. „Дрим тимот“ денеска во дебитантскиот настап на ОИ во Јапонија шокантно беа поразени од Франција со 83:76!

Еван Фурние беше незадржлив кај „триколорите“. Бек шутетрот постигна 28 поен, Гобер имаше 14 поени и девет скокови, а Де Коло 13. Кај Американците најдобар еше Холидеј со 18, Лилард имаше 11, додека Дурент 10.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.