Каков тандем има Интер, Наполи му го загорчи животот на Ливерпул, Барса лесно со „милионерите“ (ВИДЕО)

Италијанскиот великан Интер и гостуваше на Славија Прага во петото коло од групната фаза на Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ стигнаа до трите бода (1-3), а најзаслужни за големата победа беа Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку. Интер има опасен напаѓачки тандем, а двајцата фудбалери одиграа одлично.

Барселона на „Камп ноу“ ја пречека Борусија Дортмунд. Каталонците лесно стигнаа до трите бодови, а натпревар за паметење имаше Лионел Меси кој постигна погодок и подели две асистенции. Со оваа победа „блауграна“ ја потврди првата позиција на табелата, па и да загуби во последното коло пак ќе заврши прва.

Европскиот шампион Ливерпул на „Енфилд“ го пречека Наполи. Наполитанците одлично го започнаа мечот и во 21. минута поведоа преку Мертенс, а со овој резултат заминаа на пауза.Ливерпул нападна во вториот дел а во 65 минута преку Ловрен израмнија на 1-1, резултат што ќе се покаже како конечен.

Во последното коло Наполи го дочекува Генк, а Ливерпул му гостува на Салцбург (кој вечерва победи на гостувањето кај Генк). Ако Наполи победи над Генк, а Австријците го победат Ливерпул, тогаш „црвените“ ќе се збогуваат со Лигата на шампионите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .