Какви изјава на Пол Џорџ: Дончиќ е кандидат за МВП

Лука Дончиќ игра сезона за паметење. На негово конто стигнуваат пофалби од сите страни, а последен кој не штедеше убави зборови за Словенецот е Пол Џорџ. Кошаркарот на Клиперси е воодушевен од играта на Дончиќ и смета дека е еден од кандидатите за МВП наградата.

„Мислам дека е неверојатно тоа што го прави на тие години. Тој е врвен стрелец, плејмејкер, лидер на тимот и совршено управува со топката. Мислам дека е блиску до трипл-дабл просек, а има само 20 години. Далас сезонава игра одлично и Лука е најзаслужен за тоа. Тој моментално е кандидат за МВП наградата“, кажа Џорџ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .