Каква Швајцарија, ова е Македонија: Беа фаворити, но заборавија на Кире!

Како аутсајдер, потценета од сите, македонската ракометна репрезентација отпатува во Швајцарија во можеби клучниот натпревар за пласман на ЕП 2022. Без еден од најважните играчи, без Дејан Манасков ракометарите стигнаа до голема победа кај фаворизираните Швајцарци (23-25).

Домаќините се обидоа, во поголем дел од напреварот успеаа и да се одбранат од него, но Кире Лазаров повторно беше предводник со шест погодоци. Стоилов мечот го заврши со пет погодоци, додека Георгиевски имаше четири. ,Најефикасен на натпреварот беше Шмид со седум постигнати погодоци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .