Каква победа на МЗТ: „Металците“ во неверојатна завршница го совладаа Нови Пазар

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром останува непоразен на домашен терен, откако денеска по голема драма го совлада Нови Пазар (89-87). Ова е шеста победа по ред за „металците“ во Аеродром кои продолжуваат со одличните игри сезонава.

МЗТ одлично го почна мечот со серија од 7-0, а првата четвртина ја добија со + 5 (24-19). Србите вратија со иста мера во втората четвртина па така на полувремето се замина со нерешен резултат (46-46).

Второто полувреме беше израмнето, а така заврши и третата четвртина (24-24). Во последната четвртина „металците“ влегоа подобро па со седум поени во низа имаа пристојно водство. Сепак, Нови Пазар се врати во игра и израмни (83-83) и тука започна драмата.

Сино-белите имаа напад за победа, но Џабари Хиндс излезе надвор од теренот. Гостите постигнаа кош, кој беше поништен, а судиите покажаа две слободни фрлања за МЗТ. Ерон Харис два пати беше прецизен за голема победа на „штрковите“.

Токму Харис беше најдобар кај победниците со 18 поени, додека Бојан Крстевски мечот го заврши со 16 поени. Поранешниот кошаркар на Гостивар, Александар Тодоровиќ беше најефикасен кај гостите, а воедно и на мечот со 23 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .