Каква изјава на Киелини: Навивав за Милан

Столбот на одбраната на Јувентус и еден од најзаслужните играчи за долгогодишната доминација на „старата дама“ во Италија, Џорџо Кјелини даде изненадувачка изјава.

Тој призна дека во минатато навивал за големиот ривал на „бјанконерите“, Милан.

„За жал во минатото бев навивач на Милан, но станав попаметен. Малдини беше мојот омилен фудбалер. Имав брат близнак кој навиваше за Јуве, а јас бев против него, а тој беше многу среќен кога потпишав за Јувентус. Веднаш се заљубив во клубот, а сега тешко дека ќе најдете поголем навивач на Јувентус од мене“, изјави дефанзивецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .