Каква драма: Звезда со тројка во последната секунда ја совлада Валенсија! (ВИДЕО)

Црвена звезда во 11. коло од Евролигата на домашен терен во „Александар Николиќ“ ја совлада екипата на Валенсија (76-73), благодарение на тројката во последната секунда на Лоренцо Браун. Во првото полувреме водството се менуваше, а на полувреме „лилјаците“ заминаа со +4 (37-41)

„Црвено-белите“ доминираа во третата четрвртина која на крајот ја добија со 12 разлика. Сепак, Валенсија се разбуди и прејде во водство (64-68). Тука на сцена стапи Браун кој со тројката во последната четвртина им донесе победа на домаќините. Најефикасен кај победниците беше токму Браун со 19 поени, а кај гостите се истакна Дубљевиќ со 22 поени.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .