Каиседо го „смрзна“ Јувентус во 95. минута! (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Јувентус си заминува со еден бод од Рим каде на „Олимпико“ ремизираше со големиот ривал Лацио во дербито од 7. коло на италијанската Серија А (1-1).

„Старата дама“ има за што да жали. Беше подобар тим денеска за разлика од претходните средби против Лацијалите. Кристијано Роналдо уште во 15. минута ги донесе во водство „бјанконерите“, но избраниците на Андреа Пирло мораа да постигнат уште еден погодок за да го финишираат противникот.

Казната за пропуштените шанси стигна во најлош момент. Неверојатниот Еквадорец Фелипе Каиседо, трет пат во низа ги спасува „небесносините“ со головите во последните моменти од натпреварот. Прво против Торино за голема победа, па со Зенит за реми, а сега повторно за реми го матираше Шчешни буквално пред судискиот свиреж во 95. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .