Кабиб доби жесток одговор поради критиките за Макрон и тоа од својата Русија!

Во последната недела во центарот на вниманието на светската јавност дефинитивно е неприкосновениот УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов. Дагестанецот сега стана интересен и за политичките медиуми поради критиките за францускиот претседател Емануел Макрон.

Меѓутоа, денеска му стигна и одговор на Хабиб и тоа од својата Русија. Поранешната кандидатка за претседателка на Руската Федерација, Ксенија Собчак. Таа го искритикува Хабиб поради објавената фотографија од Макрон и неговите изјави на сметка на францускиот претседател.

„Хабиб, ти си херој за многу млади луѓе во Русија кои кон тебе те гледаат како пример. Минатата недела поради тебе многу Руси беа горди на својата земја поради твојата победа. Ја почитувам твојата посветеност кон верата, имате право да верувате во кого сакате.

Но, не мислите ли дека вашите коментари упатени кон францускиот претседател може да придонесат за насилство врз Макрон? Тој никогаш не зборувал против муслиманите, тој само го осуди исламскиот радикализам и терористите кои извршија убиства, а тоа во Куранот се смета за голема грешка.

Зар не? Прашувам дали е можно да го изразите своето мислење на помалку агресивен и пријателски начин. Сите сме луѓе без оглед на својата вера и култура. Не е ли можно да живеете во мир без оглед на своите верувања и верата“, напиша Собчак.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .