Леброн Џејмс стана милијардер!

Неверојатно достигнување. Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата и член на ЛА Лејкерс, стигна до една милијарда долари заработка.

Tој е прв кошаркар што станал милијардер кој сеуште е активен. Тоа не го постигна ниту Мајкл Џордан, но тогаш тоа беа некои други времиња. Сепак треба да се каже дека Џордан, кој сега “тежи“ 2 милијарди долари, најголем дел од заработката ја има направено откако се прости од активното играње кошарка.

Инаку од таа милијарда вкупно 330 милиони долари “Кралот“ Џејмс ги има заработено од играње кошарка, додека останатите 700 милиони долари од спонзорски договори.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .