И Зоран Мамиќ стана бегалец

Бившиот тренер на загребачки Динамо и официјално стана бегалец од хрватското правосудство, откако не се јави на издржување на затворската казна.

Жупанскиот суд пред неколку недели ја одби неговата молба затворската казна да ја издржи во Босна и Херцеговина, па одлуката за издржување на казната во Хрватска стана правосилна.

Потсетуваме, поради извлекување финансиски средства од Динамо, Зоран беше осуден на четири години и осум месеци, а неговиот брат Здравко на шест ипол години.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .