Италија на крилјата на Локатели до нова победа: „Аѕурите“ во голема форма! (ВИДЕО)

Италија одлично го започна ЕВРО 2020, па по победата над Турција, „аѕурите“ стигнаа до уште една лесна победа. На исто место и со ист резултат на „Олимпико“ во Рим, момците на Роберто Манчини славеа со 3-0 против селекцијата на Швајцарија.

Апсолутен херој беше средниот играч на Сасуоло, Локатели кој постигна два погодоци, додека еднаш стрелаше Чиро Имобиле.

Италија сега има шест бода и е прво пласирана, втор е Велс со четири бодови, Швајцарија има еден бод, додека на дното е Турција без бодови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.