Италија ги исполни очекувањата во групната фаза на ЕВРО 2020, откако „аѕурите“ после победите над Турција и Швајцарија, вечерва и со комбиниран состав ја совладаа селекцијата на Велс (1-0).
Избраниците на Роберто Манчини одиграа нов одличен натпревар и заслужено ги освоија максималните девет бодови.
Во вториот натпревар кој најверојатно, после Велс, одреди уште еден патник во групната фаза се судрија селекциите на Швајцарија, која ја совлада Турција со 3-1.
Сепак, за конечно да се дефинираат патниците во нокаут – фазата потребно е да се одиграат сите натпревари од другите групи.