Здравствените организации во Италија излегоа со соопштение во кое тврдат дека славјето ширум земјата после европската титула во фудбал влијаело на порастот на бројот на заболени од корона – вирус.
Илјадници навивачи се собраа низ улиците на Рим на 12. јули за да ги поздрават италијанските фудбалери кои се возеа во отворен автобус, па во последните три дена е забележан пораст на бројот на заболени во регионот Лацио кој се наоѓа во „вечниот град“.
Овој регион имал најголем дневен број на нови случаеви во саботата. Специјалистот Франко Локатели, кој е советник на италијанската Влада окоу антипандемиските мерки, кажа за Република дека „собирањето и гужвите придонесуваат вирусот да циркулира“.