Италија е во финале: „Аѕурите“ ја урнаа Шпанија, одат по втора титула! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше во финалето на ЕВРО 2020, откако во полуфиналето на Вембли на пенали ја совлада Шпанија 1-1 (5-4). Тоа значи дека момците на Роберто Манчини ќе се борат за титулата, кој им бега уште од легендарното финале против Југославија во 1968.

Први „аѕурите“ постигнаа погодок. За голот се погрижи фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза кој во негов стил испрати технички прецизен удар и ја затресе мрежата на Унаи Симон во 60. минута.

Селекторот на „фуријата“, легендарниот Луиз Енрике направи одличен потег, погодувајќи ја замената, кога во игра го внесе критикуваниот Алваро Мората кој израмни во 80. минута за продолженија, каде што немаше погодок и мечот беше решен по изведувањето на пеналите.

Тука поумешни и посреќни беа Италијанците, а Алваро Мората повторно немаше среќа. Напаѓачот беше еден од трагичарите заедно со Олмо. Двајцата промашија пенал, а решавачкиот за „аѕурите“ го постигна Жоржињо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .