Италијанците подготвија ново правило: Дали Јувентус ќе биде ИСФРЛЕН од Серија А?

Фудбалската федерација на Италија воведе „анти – Суперлига“ правило по кое, екипата која го подржува ова натпреварување ќе биде исфрлена од Серија А. Ова правило ќе важи од новата сезона и тоа како ќе влијае за политиките на Јувентус, кој се уште не се откажал од Суперлигата.

„Кога станува збор за „анти – Суперлига“ правилото, тоа значи дека тие тимови кои сакаат да учествуваат во натпреварување кое не го одобруваат УЕФА и ФИФА, ќе го изгубат членството во италијанското првенство. Ние за сега не знаеме кој се откажал, а кој останал во Суперлигата. Меѓутоа, ова правило ќе важи од следната сезона“, изјави претседателот на ФФ на Италија, Габриеле Гравина.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .