Италијанските медиуми тврдат: Јовиќ го засилува италијанскиот великан

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ, минатото лето направи трансфер и дресот на Ајнтрахт Франкфурт го замени со тој на Реал Мадрид. Сепак, неговата авантура на „Сантијаго Бернабе“ не започна како што тој посакуваше, а напаѓачот има постигнато само еден погодок сезонава.

Токму поради тоа „кралевите“ размислуваат да се разделат со него. Италијански „Тутоспорт“ пишува дека и самиот Јовиќ сака да си замине од Мадрид, затоа што сака да има поголема минутажа. Во моментов најзагреан за него е Милан. „Росонерите“ сакаат да го донесат на позајмица со обавезен откуп на договорот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .