Италијанските медиуми тврдат: Мурињо го сака Алиоски во Рома!

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Рома како замена за повредениот дефанзивец Леонардо Спинацола го гледа македонскиот репрезетнативец Езгијан Алиоски на кој му заврши договорот со Лидс, па одлучи да си замине од клубот од Јоркшир.

Спинацола заработи сериозна повреда во дресот на Италија на ЕВРО 2020 и ќе мора да отсуствува најмалку шест месеци. Новиот тренер на „римската волчица“ Жозе Мурињо веднаш тргнал во потрага по негова замена, а еден од кандидатите за ангажман бил токму Алиоски.

Инаку, за македонскиот репрезентативец се заинтересирани турските гиганти Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор, но и московска ЦСКА.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .