Исто како минатиот пат: Џошуа нокаутиран на тренингот пред мечот со Руиз

Светските медиуми пишуваат дека Ентони Џошуа бил нокаутиран за време на спарингот, додека се подготвувал за ревашнот против Енди Руиз. Британецот се подготвува за новата борба против Енди Руиз која е закажана на 7. декември во Саудиска Арабија.

Џошуа сака да му се одмазди на Руиз и да ја врати титулата, откако беше поразен од него на 1. јуни годинава во „Медисон Сквер Гарден“. Интересно е тоа што Британецот повторно беше нокаутиран на тренингот пред мечот, а истото се случи и на подготовките за првата борба. Тогаш беше нокаутиран од спаринг партнерот Џои Давејко, кој одби да го коментира инцидентот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .