Историја: Швед е првиот кошаркар кој успеал да уфрли 3.000 поени во ВТБ лигата!

Еден од најдобрите кошаркари во Европа, а дефинитивно еден од најдобрите поентери, Алексеј Швед стигна до големо достигнување.

Првата ѕвезда на Химки е првиот кошаркар кој успеал да постигне 3.000 поени во силната ВТБ лига. Швед тоа го направи на мечот против Автодор од Сератов.

Бекот постигна 17 поени и сега има 3.004 поени вкупно, а до ова достигнување стигна на 158 мечеви. Интересно, и покрај фактот што Химки беше огромен фаворит против Автодор, евролигашог го загуби натпреварот со резултат 82:85.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .