Историја на „Вембли“: Англија ја сруши Данска, „Гордиот албион“ прв пат ќе игра финале! (ВИДЕО)

Вистинска фудбалска класика не очекува на 11. јули на „Вембли“ каде што селекциите на Англија и Италија ќе се борат за најважниот трофеј во европскиот фудбал.

„Гордиот албион“ вечерва после голема борба во продолженијата ја совлада одличната Данска со голот на Хари Кејн, кој после промашениот пенал не му беше тешко да ја затресе мрежата на Шмајхел 2-1(1-1).

Данците ги собраа симпатиите на неутралните љубители на фудбалот и поведоа со евроголот на Дамсгард од слободен удар во 30. минута. Англија израмни во 39. минута после одличниот продор на Букајо Сака, па капитенот Кјаер си постигна автогол за 1-1, што се покажа како конечен резултат во регуларниот дел.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.