ИСТОРИЈА во Њујорк: Две тинејџерки ќе играат во големото финале!

Доцна синоќа во Њујорк се испиша ново поглавје во историјата на тенисот. Две тинејџерки, 19 – годишната Лејла Фернандез (пред неколку дена наполни 19 години) и 18 – годишната Ема Радукану изборија пласман во големото финале на УС Опен, што значи една од нив – ќе стигне до првата Гренд слем титула!

Успехот е поголем за Радукану која стана ПРВАТА тенисерка (или тенисер) во историјата која успеала како квалификантка да стигне до финалето. Британката во два сета ја реши фаворизираната Гркинка Марија Сакари (6-1, 6-4).

Од друга страна Канаѓанката Фернандез се судри со моќната Арина Сабаленка и после два ипол часовна борба победи со 2-1 во сетови (76, 46, 64). Финалето според досегашните информации, ќе се одигра во сабота од 22 часот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .