Историскиот Рашфорд…

Манчестер јунајтед синоќа стигна до убедлива победа на „Олд трафорд“ во Лигата на шампионите против лидерот на бундеслигата Ред Бул Лајпциг, а најзаслужен за победата беше Маркус Рашфорд кој со хет – трикот влезе во историјата.

Имено, тој го постигна најбрзиот хет – трик по влегувањето од клупата. На Рашфорд му беа потребни само 27 минути за да стигне до три гола и така го сруши рекордот на Килијан Мбапе кој за 38 минути од влегувањето на клупата постигна хет – трик.

На третото место се наоѓа легендарниот уругвајски напаѓач Валтер Пандијани на кои му беа потребни 44 минути.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .