Интер сака да го врати Пјаниќ во Италија

Шпанските медиуми денеска излегоа со информација дека Барселона дефинитивно се откажува од Миралем Пјаниќ, кој најверојатно ќе добие слободни документи.

Босанскиот репрезентативец во каталонскиот клуб пристигна перд година дена како големо засилување од торински Јувентус, меѓутоа не се снајде најдобро, а да бидеме реални, не ни доби шанса за игра од Роналд Куман.

Интересно, освен неговиот поранешен клуб Јувентус, за него бил заинтересиран најголемиот ривал на „бјанконерите“ и нов италијански шампион Интер. „Нероаѕурите“ го гледаат Пјаниќ како замена на Кристијан Ериксен, а дали ќе успеат да го ангажираат, останува да видиме.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .