Интер: Реално е тој повторно да се врати во нашиот тим…

Извршниот директор на Интер, Алесандро Антонело потврди дека клубот во моментов е во напредни преговори за враќање на Ромелу Лукаку на „Џузепе Меаца“.

Белгискиот интернационалец минатото лето си замина од Интер во трансфер вреден нешто повеќе од 100 милиони евра, а по само една сезона биможел да се врати на местото каде две години играше врвен фудбал.

Дека таквото нежно е возможно потврди и Антонело кој истакна дека играчот има желба да се врати во Интер.

“Јасно е дека тој има огромна желба да се врати, но економската и финансиската флексибилност мора да биде проверена. Исто така треба да бидат решени и некои технички проблеми. Ќе се обидеме да го решиме тоа во што е можно пократок период,”-изјави Антонело најавувајќи го „бомбастичниот“ трансфер на Лукаку во Интер

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.