Интер не ја исклучува можноста да се раздели со Лаутаро

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез моментално преговара со италијанскиот шампион Интер околу својата иднина во клубот.

„Нероаѕурите“ сакаат да го продолжат договорот со одличниот аргентински напаѓач, меѓутоа, наводно преговорите не се развиваат во посакуваниот правец, а Лаутаро дури и го променил менаџерот.

Затоа клубот од Милано не ја отфрла можноста да го продаде својот фудбалер. Ако се случи такво нешто во прв план дефинитивно е лондонскиот премиерлигаш Арсенал, кој веќе стапил во контакт со Аргентинецот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.