Миланскиот гигант Интер е нов шампион на Италија, откако денеска Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло, со што Интер сега има недостижни 13 бодови повеќе во однос на „Божицата на провинцијата“.
Така Интер ја прекина неверојатната доминација на Јувентус, кој ги освои претходните девет титули. Ултрасите на Интер, традиционално во голем број излегоа на градскиот плоштад во Милано, на познатата „Piazza Duomo“ каде со песни со слави големиот успех.
Già partita la festa dei tifosi nerazzurri in Piazza Duomo pic.twitter.com/2PbrSeE2zp
— Calcio e Finanza (@CalcioFinanza) May 2, 2021