Нов удар за навивачите на Наполи, заминува и Инсиње?

По заминувањето на Марек Хамшик, навивачите на Наполи може да добијат уште еден тежок удар. Имено, уште еден од нивните омилени фудбалери можеби ќе го напушти Неапол. Станува збор за Лоренцо Инсиње, за кого најзаинтересиран е Атлетико Мадрид.

Италијанецот целата кариера ја има поминато во Неапол, а минатите сезони ги одбиваше сите понуди. Сепак, тој за медиумите изјави дека сака да заигра и во некоја друга лига. Атлетико Мадрид е спремен да за Инсиње да одвои 60 милиони евра, претеседателот на наполитанците Аурелио Де Лаурентис бара многу повеќе.

Станува збор за сума од 80 милиони евра, па останува да видиме дали двата клуба ќе се договорат. Освен шпанскиот клуб, и англиските гиганти Ливерпул и Арсенал се заинтересирани за Италијанецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .