Иниеста не размислува за пензија, потпиша нов двегодишен договор!

Еден од најдобрите шпански фудбалери од средниот ред во историјата, Андрес Иниестас денеска го продолжи договорот со јапонскиот Висел Кобе до 2023 година, соопштија Јапонците.

Шпанецот денеска наполни 37 години, во клубот стигна во 2018 година од Барселона која ја напушти после две децении.

„Пред три години најавивме возбудлив проект, новиот предизвик беше голем за мене и моето семејство. Благодарен сум на претседателот и лушетон во клубот за нивната доверба. Иако беше тешко напишавме историја и освоивме титули. Најважно за мене е што чувствувам дека луѓето ме ценат. Сакам да продолжам со истата страст со која дојдов пред три години. Возбуден сум што ќе бидам дел од проектот и во следните две години“, изјави Иниеста.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .