Има најави: Се подготвува голем трејд во НБА!

Јасно беше уште после елиминацијата на Филаделфија во плејофот од НБА лигата, дека челните луѓе на франшизата се и тоа како незадоволни од Бен Симонс, кој не се разви како што очекуваа експертите.

Токму затоа ги гледаат опциите за потенцијален трејд, а претседателот на Дерил Мореј најави ангажман на некој суперстар. Според информациите на секогаш добро упатениот „Атлетик“, станува збор за првата ѕвезда на Портланд, Демијан Лилард.

Сепак, многу е тешко ваков трејд да се реализира, а ако такво нешто се случи освен Симонс, Сиксерси ќе мораат да вклучат уште некој играч во трејдот, или иден пик, затоа што вредноста на Лилард во моментов е далеку поголема од таа на Симонс.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.