Има настап за Белорусија, а сега е нов фудбалер на – Работнички!

Фудбалскиот клуб Работнички во своите редови ангажираше ново странско засилување. Станува збор за Белорусинот Александар Позњак кој потпиша со „црвено – белите“, игра во одбраната, а може да ја покрие и бековската позиција.

Позњак доаѓа од белорускиот Динамо од Брест, додека играл и за Шахтјор Солигорск, Немам Гродно, Городеја. Позњак е поранешен младински репрезентативец на Белорусија, а има и еден настап за сениорите.

„Веруваме дека Александр Познак, со оглед на квалитетот и на искуството, брзо ќе се вклопи во тимот на Работнички и ќе го подигне нивото во одбранбената линија. Тој веднаш се приклучи на тимот, денеска имаше индивидуален тренинг, а веќе од утре ќе биде на располагање на тренерот Александар Влахо“, рече спортскиот директор Горан Станковски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .