„Имав хомосексуален нагон, го бакнав Ибра во уста, а потоа…“

Контроверзниот поранешен холандски репрезентативец Енди Ван дер Мејде во една тамошна емисија се потсети на времето додека ја делеше соблекувалната со Златан Ибрахимовиќ.

Двајцата беа соиграчи во Ајакс, а сега Ван дер Мејде призна дека по враќањето од еден натпревар во автобусот го бакнал Златан Ибрахимовиќ во уста, по што Швеѓанецот полудел и го удрил Ван дер Мејде.

„Седев до Златан во автобусот. Се враќавме од натпревар. Во тој момент добив хомосексуален нагон и го бакнав Златан во уста. Тој ведна скокна и почна да ме удира. Беше непријатно. На крајот разговаравме и Златан сфати, а тој момент никогаш нема да го заборавам“, откри Холанѓанецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .