Икарди мораше да купи скап подарок за да се смири со Ванда!

Ванда Нара го обвини Мауро Икарди за неверство и го избриша од својот официјален Инстграм профил, објава која брзо стана вирална на социјалните мрежи и се претвори во топ тема за таблоидите во Аргентина и Франција.

ПСЖ во текот на вчерашниот ден објави дека Икарди го пропуштил тренингот поради семејни проблеми и тоа беше потврда за кризата на фамозната двојка, која полека прави цела оваа нивна приказна да се претвори во аргентинска сапуница.

Дваесет и четири часа по првичната објава на Ванда која и потврди дека се разделила со Мауро, пристигна неочекувана слика од фудбалерот, кој со своите објави алудираше дека успеал да се смири со својата сопруга.

Ванда во текот на вчерашниот ден се фотографираше заедно со децата во Милано, а вечерта во Италија пристигнал и Икарди, за кого се верува дека со подарен прстен успеал да изнуди прошка од Нара.

Секоја трета недела во месец октомври се слави како дена на мајката во Аргентина, па Икарди сподели заедничка фотографија со Ванда од Милано и го честиташе денот на мајката на неговите две деца, со тоа што во прв план се најде и прстенот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.