„Напуштањето на Суперлигата е вистинска одлука“

Диего Симеоне, тренерот на мадридски Атлетико, еден од клубовите кој требаше да учествува во Суперлигата, изјави дека излегувањето од овој проект е вистинска одлука за фудбалот.

„Претседателот на клубот зборуваше со играчите и стручниот штаб за дилемите кои ги имаше, околу настапот и напуштањето на Суперлигата. Мислам дека повлекувањето беше вистински потег за сите кои го сакаат овој клуб. Бев консултиран. Кажав дека сум убеден дека клубот ќе го донесе најдоброто решение. Меѓутоа, тоа не се случи во прв момент. За среќа, ја исправија грешката“, изјави популарнито Чоло.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .